30.09.2021

Капитенот на нашата женска сениорска селекција има повреда на стопалото

Без Митрашиновиќ, Тарбс ги мина квалификациите во ФИБА Евро Купот

Екипата на Тарбс, за која до оваа сезона настапува во овој момент, нашата најдобра кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ, обезбеди место во групата фаза од натпреварите од ФИБА Евро Купот во женска конкуренција.

Со две убедливи победи, втората на домашен терен (88:39), францускиот тим го елиминираше ХОТ Спарс, и обезбеди пласман во наредниот круг од ова натпреварување.

Поради повреда на стопалото, капитенот на нашиот национален тим ги „прескокна“ двата квалификациски натпревари, но најавите се дека ќе биде во тимот за следната натпреварувачка фаза од ФИБА Евро купот.

Натпреварите во групата „Л“ во која за противници ги имаат екипите на Брно, Вилнев Д’Аск, и победникот од двомечот Хаукар-Спортива, кој се игра вечерва.