04.08.2020

Во „Последните 12“, нема место за македонскиот кандидат, некогашниот капитен на нашиот национален тим, Перо Антиќ

Без нашата легенда во финалниот избор на ФИБА „тим на соништата“

Без македонски претставник на крилните, односно центарските позиции во финалниот избор за милениумската ФИБА „петорка на соништата“.

Откако помогнаа да бидат одбрани крајните почетни петорки на најуспешните европски репрезентации, дојде време навивачите да го изберат својот „Тим на соништата“ на ФИБА ЕвроБаскет 2000-2020.

Од 80. играчи што ги изгласаа навивачите во првата фаза на гласање, 24 од нив се избрани во потесен избор според спортските критериуми за да учествуваат во последната рунда на гласање, што се одржува во две одделни категории, со кошаркарски жаргон кажано, бековски, односно крилно/центарски дел.

Сите овие играчи добија признание „Ол Стар Пет“ барем еднаш во кариерата и зачекорија на подиумот на ФИБА ЕвроБаскет барем еднаш во новиот милениум.

Гласањето за крилно/центарските места стартуваше на 3. август, и ќе трае до 9. август.

Инaку во финалниот избор на „12 величенствени“, предност добија:

Дејан Бодирога, Предраг Стојаковиќ (Србија), Борис Диао (Франција), Руди Фернандез, Пау Гасол, Марк Гасол (Шпанија), Андреј Кириленко (Русија), Линас Клеиза, Рамунас Шишкаускас, Јонас Валанчиунас (Литванија), Дирк Новицки (Германија) и Хидајет Туркоглу (Турција).   

Своите гласови фановите може да ги дадат на следниот линк