17.03.2021

По вториот и убедлив пораз (68:96), „сино-белите“ треба да направат чудо, да бидат подобри од Хапоел во Холон...

БИБЛ: Академик и по втор пат подобар од Куманово, само теорија за „Ф4“

Вториот и убедлив пораз од Академик, сега и на гостувањето во Пловдив, ги направи шансите на Куманово за учество на завршниот турнир на БИБЛ лигата и помалку од теоретски.

Второто по ред слабо издание против бугарскит претставник, веројатно означи и крај на надевањата дека оваа сезона на Балканот ќе потрае.

АКАДЕМИК ПЛОВДИВ  - КУМАНОВО 2009 96:68

Лошиот почеток ги одреди настаните од средбата во Пловдив. Веќе по десет минути кумановци заостануваа дури 15.поени (12:27). Минус од кој не успеаја да се опорават до крајот на дуелот со Академик.

По релативно израмнетата втората четвртина комплетен колапс им се случи на гостите од Куманово во треата четвртина, по која заостануваа со повеќе од високи (45:71).

Последнито меч од оваа втора, групна фаза, Куманово 2009 го игра на 2.април. Му гостува на Хапоел во Холон. На прбата средба во Куманово израелците победија со (83:74), па за да имаат теоретски шанси, кумановци ќе мора да победат со најмалку десет поени, но и да чекаат порази на Холон во дуелите со Академик.   

На оваа во Пловдив, Ѓекиќ реализираше 12, а Андрејевиќ уште 10.поени за нашиот претставник.