21.01.2021

Американскиот бек на ТФТ има 22.1 поени во просек на девет одиграни мечеви

БИБЛ: Херис е прв стрелец во лигата!

Кошаркарите на ТФТ го одиграа својот деветти натпревар во Лигата на Балканот. Резултатски беше успешен, славеа победа во дуелот со Теодо. А што е уште поважно, дел од играчите на нашиот претставник ги задржаа високите позиции во онаа индивидуална статистика.

По завршувањето на оној „израелски дел“ во кој во второто полуфинале, екипата на Хапоел Гилбоа Галил, добро позната на нашите простори со победата над Макаби Ришон ЛеЗион (85:78) обезбеди место во „интернационалната“.

Особено тоа се однесува за веројатно и најконстантниот играч во овој прв дел од сезоната, Тај Херис.

Американскиот бек на ТФТ го поправи својот поентерски просек на 22.1 рализации по натпревар, што сега е најдобар скор во лигата со кој го мина Ајзеја Тејлор од Макаби Ришон.

А освен тоа, со своите 7.9 асистенции ја задржа и првата позиција на листата на најдобрите асистенти. Сега има просечни 7.8 асистенции со кои го мина Волтер Лемон со 7.7 и Наор Шарон (Макаби Хаифа) со 7.

Со 23.6 поени, Тај Херис е втор и во вкупниот поредок, односно индекс на корисност. Зад најдобриот во досегашниот дел од регионалното натпреварување, Тајрик Џонс од Хапоел Тел Авив кој има индекс 27.5

Соиграчот на Херис од редовите на скопските „црно-бели“, Амир Смит останува трет скокач во лигата со просечни 10.2 скока по натпревар.

ПОЕНИ

Т. Херис (ТФТ)        22.1

П. Кусовац (Теодо)           21.5

Џ. Александер (Ирони Нахарија)       21.5

Т. Џонс (Макаби Хаифа) 21.5  

К. Пратер (Хапоел Елијат)         21.3

СКОКОВИ

А. Мичел (Макаби Ришон)        11.4

Т. Томас (Хапоел Ерусалим)     11.0

А. Смит (ТФТ)         10.2

Т. Џонс (Хапоел Ерусалим)       9.0

Д. Монро (Макаби Ришон ЛеЗион)   8.6

АСИСТЕНЦИИ

Т. Херис (ТФТ)        7.9

В. Лемон (Хапоел Тел Авив)     7.7

Н. Шарон (Макаби Хаифа)        7.0

А. Ебо (Ирони Нес Зиона)          6.5

А. Бен Шимол (Макаби Хаифа)           5.7

ИНДЕКС

Т. Џонс (Хапоел Тел Авив)         27.5

Т. Херис (ТФТ)        23.6

Ф. Бурдиљон (Хапоел Холон)  23.5

А. Мичел (Макаби Ришон ЛеЗион)    23.4

Џ. Александер (Ирони Нахарија)       23.0