20.01.2022

Американецот од редовите на Навико Академија ФМП има просечен индекс – 26

БИБЛ ЛИГА: Ајви е најкорисен играч во досегашниот дел од сезоната

Били „Бри“ Ајви, во моментов најдобрито играч на екиата на Навико Академија ФМП е и најкорисниот играч во балканската лига во досегашниот дел од сезоната. Неговиот одличен настап на синоќешниот натпревар против екипата на Левски во Софија, донесе уште една потврда за тоа.

Американскиот бек е најдобриот стрелец во БИБЛ, сега со просек од 24.1 поени со кои е далеку напред во однос на Кнежевиќ (Ибар) со 16.9, и Дерик Маркс (Балкан) со 16.3.  

Освен тоа, што е уште поважно, Ајви е и играчот сн најголем просечен индекс во регионалното натпреварување. Има индекс-26 со кој е далеку напред во однос на ефектот на Кнежевиќ (Ибар) со 19.5, односно Кадариан Рејнс (Берое) кој има 18.

Статистиката на коло пред крајот на регуларниот дел во БИБЛ лигата вели дека со просечни 8.9 скока, Рафаел Путни (Макаби Хаифа) е најдобриот скокач, а неговиот тимски соиграч, Данел Козахиноф, со 4.7 асистенции – прв додавач во оваа балканска конкуренција.