27.10.2021

Гостите од Пловдив се покажаа како подобри од ко-лидерот во нашата Прва лига (83:75)

БИБЛ ЛИГА: Академик најде решение за ТФТ

По серијата од пет победи во сите натпреварувања, екипата на ТФТ го доживеа првиот пораз во БИБЛ лигата оваа сезона.

Подобар од нашиот претставник во регионалното натпреварување беше Академик кој остана со максимален ефект во оваа група

 Триумфираа гостите од Пловдив, а одлучувачки беа последните пет минути во кои се влезе со егал-скор, 66-66.

ТФТ - АКАДЕМИК ПЛОВДИВ     75:83

Бугарите направија 12-3 за помалку од три минути и поведоа со 78-69, предност која не беше достижна за ТФТ. Едис Нури постигна тројка за -6, но немаше доволно енергија за да се анулира водството на противникот.