24.01.2022

ТФТ имаше напад за победа против Ирони Нахарија, без никаков ефект, па победата остана за Израелскиот состав (67:66)

БИБЛ ЛИГА: Бишоп згреши кога не требаше, ТФТ има уште една меч-топка за премин во следната фаза

Во претпоследниот меч од регуларниот дел од Лигата на Балканот, екипата од Скопје се сретна со еден од фаворитите за место на финалниот турнир, Ирони Нахарија. И испушти голема шанса во последниот напад да оствари победа која води во следната фаза од натпреварите од регионалната конкуренција

ТФТ – ИРОНИ НАХАРИЈА            66:67

ТФТ му пружи сериозен отпор на израелскиот претставник. Навистина е реткост во игрите на „црно-белите“, не само во оваа сезона, да играат натпревар со „мал број“ на поени како што беше вечерашниот во СРЦ „Кале“.

И максимално израмнет во текот на скоро сите 40.минути. Во ниту еден момент домашниот тим не беше инфериорен против Ирони Нахарија. Го добија првиот период со минимални (18:16), но до полувремето претставникот од Израел успеа да го „сврти“ резултатот и на одмор да замине со водство од (38:35).

И по 15 минути пауза, не се сменија работите во играта на двете екипи. Бишоп, Хортон и Костоски го диктираа темпото на играта во домашната екипа. Но немаа доволно сили, и поддршка од соиграчите, за да направат еден одлучувачки чекор, и да го вратат позитивниот резултат во своја корист.

Дури во претпоследната минута на натпреварот ТФТ имаше само „половина поен“ негатива откако Бишоп го реализираше својот 18. поен. А по поените на Драфич,за (63:66), со тројка изедначи (66:66) Хортон (негов 19.поен), и остави 43. секунди за конечно решение.  

Најдобриот и најискусен играч на Ирони Нахарија, Јогев Охајон беше половичен од линијата за слободни фрлања, на 19. Секунди, сепак донесе водство за својата екипа (67:66).

По тајм-аутот на ТФТ, голема грешка на најдобриот во нивните реодви, Бишоп, за уште поголемо славење на Израелците.

По девет одиграни кола, кошаркарите на ТФТ сега се на ефект од (4-5). А во последниот круг од натпреварите во групата „Б“ од регионалното натпреварување, на 9. февруари, исто така во Скопје, ќе се сретнат со екипата на Берое од Стара Загора.

Победа ги води „црно-белите“ во следниот круг од натпреварите во БИБЛ конкуренцијата.