03.04.2021

Кумановци ги завршија своите обврски во Лигата на Балканот со добар настап во Холон, минимален пораз од Хапоел (96:98)

БИБЛ ЛИГА: Чесно „збогум“ на кумановци

Екипата на Куманово ги заврши настапите во БИБЛ лигата. Го одигра четвртиот натпревар од втората фаза на регионалното натпреварување. На гостувањето во Израел прикажаа сосема солидна игра. Имаа водство во три четвртини од мечот во Холон. Имаа егал резултат и на шест секунди пред крајот, но се враќаат дома со пораз.

ХАПОЕЛ ХОЛОН – КУМАНОВО 2009  98:96

По нерешените (28:28) во првата четвртина, кумановци останаа во шутерско расположение и во втората. Ја решија во своја корист, и на полувремето водеа со (53:45), а Отис Ливонгстон вее имаше дабл-дабл ефект 14.поени и 11.асистенции.

Иако имаа повремени падови во играта, добар дел од позитивата ја сочуваа. По три четвртини од играта, „сино-белите“ кои во Израел допатуваа само со деветмина кошаркари, сеуште беа во водство од (76:72).

Но по нецели две минути од играта во последниот период, домаќините го преземаа водството. Со серија од (8-2) поведоа со (80:78). Од тој момент, се играше, буквално кажано, „кош за кош“. Со минимално водство на Хапоел Холон. На шест секунди пред истекот на 40.минута, Ѓекиќ донесе ново израмнување (96:96). Со офанзивен скок ја исправи грешката на Ливингстон, кој не ги погоди двете слободни фрлања.

Откако две секунди подоцна, Бурдиљон погоди за ново водство (98:96), Ливингтон направи уште една грешка, сега во додавањето, па победата остана само пуста желба за нашиот претставник кој го финишираше овој втор дел со четири порази во исто толку натпревари.

Хапоел Холон и Академик Пловдив ќе играат на завршниот турнир на БИБЛ лигата.