07.12.2020

Оваа седмица „црно-белите“ ќе ја искористат за мини-гостување во Бугарија, кумановци го чекаат Теодо

БИБЛ ЛИГА: „Двојна програма“ за ТФТ, се враќа и Куманово

„Слободната среда“ во домашниот шампионат, двата наши претставници во Балканската лига, екипите на ТФТ и на Куманово ќе ја искористат „работно“.

Особено тоа важи за дебитантот во нашата Прва лига и секако во Лигата на Балканот. „Црно-белите“ договорија одигрување на два натпревари во регионалното натпреварување.

Утре вечер, од 19.часот, во Стара Загора, ги чека дуелот со екипата на Берое. А два дена подоцна, на 10. декември, од 18. часот, во Пловдив, ќе играат и против екипата на Академик, досега непоразена по четири одиграни кола во ова натпреварување.

Натпревар, но на домашен терен, ќе имаат и кошаркарите на Куманово. Откако ги надминаа проблемите со коронавурисот, „сино-белите“ сериозно засилени со ангажманот на Ненад Зивчевиќ и Еди Синадиновиќ, во среда навечер, од 18.часот, ќе играат против црногорскиот претставник, Теодо од Тиват.