05.01.2021

По скоро три недели пауза, кумановци на „балкански“ терен, и загубија од црногорскиот претставник (79:81)

БИБЛ ЛИГА: Еден Марковски малку за победа, Ибар ги однесе бодовите од Куманово

По скоро три недели пауза, кошаркарите на Куманово 2009 им се вратија на „работните обврски“. Почнаа да ги „одработуваат“ оние заостанати натпревари во Балканската лига. А прва на распоредот во 2021 година, им беше средбата со екипата на Ибар од Рожаје.

По добриот почеток, на крајот доживеаја пораз, трет за нив во пет одиграни мечеви од регионалното натпреварување.

КУМАНОВО 2009 – ИБАР            79:81

Доста ефикасно почнаа домашните кошаркари во првиот меч во 2021 година. За нецели седум минути обезбедија солидна предност од девет поени (20:11), за првиот период од играта против црнгорскиот претставник го решат во своја корист со сличен резултат (27:19).

Десет минути во кои Марковски веќе имаше 11 (3/4 за три поени), Рос осум, а Робев уште шест поени кај  домаќините.

Она што го градеа во првата, кумановци го загубија во нецели пет минути од втората четвртина. Период во кој Ибар направи серија од (15-4), со која дојде дури и до водство, (34:31).

До истекот на полувремето, Куманово стигна до израмнување (42:42). Дел од играта во кој Марковски не доби дополнителна поддршка од соиграчите, застана на 18. реализации, и беше единствениот со двоцифрен број на реализации во екипата-домаќин.

Рамноправно се играше и во третиот период. Со забелешка дека екипата на Ибар стигна до највисоката предност на натпреварот. Позитива од седум поени (58:51), во 26.минута од играта. Кумановци и по втор пат на мечот бркаа негатива, и до истекот на 30.минути, ја сведоа на само „половина поен“ (63:64).   

Во четвртата четвртина, гостите одново имаа солидни шест поени предност (72:66). Но инзвонредниот Марковски не даваше Црногорците да отидат и на поголема позитива. По неговиот 30.поен (осма тројка), Куманово заостануваше само два поени (71:73), како што стоеше на семафорот во 36.минута.

Така беше и на 38.секунди пред крјаот, кога Цветкковски погоди за (75:77).

Но сили за комплетен пресврт „сино-белите“ немаа. Прво, на 18.секунди пред крјаот не погоди најдобриот, Марковски, А потоа на две.секунди пред сирената да означи крај на мечот за три не погоди и Робев, од „одбојка“ не поентираше повторно Марковски па мораа да се помират со третиот неуспех во сезоната.

Наредниот меч од групата „Е“ во лигата на Балканот, кумановци ќе го одиграат на 14.јануари во Стара Загора, каде противник им е екипата на Берое.