Секоја серија има свој почеток, но и свој крај. Па и онаа на Куманово 2009 во Лигата на Балканот.
Едно крајно лошо одиграно полувреме, првото, ги чинеше неуспех на стартот на втората фаза од натпреварите во БИБЛ лигата.
Академик знаеше да ги искористи тие слабости, и во Пловдив да си замине со два бода со кои се многу поблиску до финалниот турнир на регионалното натпреварување
КУМАНОВО 2009 – АКАДЕМИК ПЛОВДИВ 70:87
Очајно прво полувреме, поточно кажано, најслабо откако екипата ја превзема тренерот Игор Ѓорѓиевски, одиграа кошаркарите на Куманово 2009 против Академик.
Тотално беа, пред сè надскокани домашните кошаркари. Академик имаше дури 12.скока повеќе (26 спрема 14). Освен тоа кумановци имаа и слаба реализација во шутот за три поени (2/10) но и за два поени (нешто преку 40% на реализација).
Не се памети кога за последен пат „сино-белите“ имаа постигнато само 22.поени за едно полувреме, но тоа се случи на првиот, но и веројатно најважен меч од втората фаза на БИБЛ лигата.
Третата четвртина бепе онакква каква што посакуваа домашните кошаркари. Реализира дури 30.поени, или осум повеќе колку што дадоа во двете четвртини за заборав. Освен тоа, симнаа голем дел од високата негатива. Во последниот дел влегоа со „хендикеп“ од само четири поени (52:56).
Но како да ја ископираа првото полувреме, одновно влегоа во серија на грешки, нерезонски шутеви во обид што побрзо да го надополнат и тој минус. Не успеаа во тоа, па мораше да се помират со прекин на нивната супер серија која и ги донесе овде. Да размислуваат за учество на финалниот турнир во БИБЛ лигата.
По овој стартен пораз во втората фаза, ќе им биде многу потешко да дојдат до таа своја следна цел. Особено и поради високата негатива од дури 17.поени, која и не мораше да биде изразена со тие крајни, разочарувачки бројки.
Со 16.поени, Ѓекиќ беше најефикасниот играч на Куманово, кори Рели Рос се врати со 11.реализации, а Марковски придодаде уште десет.
Следниот натпревар кој е дел од групата „Г“, кумановци го играат повторно на домашен терен. На 12.март, во Куманово гостува израелскиот Хапоел Холон.