Менаџментот на Балканската лига ја реализираше ждрепката со која беа формирани новите две натпреварувачки групи во регионалното балканско натпреварување.
Согласно со системот за натпреварување, шесте клубови учесници беа распределени во групите „Ф“ и „Г“.
Во групата „Ф“ нашиот преставник, ТФТ од Скопје за ривали ги доби екипите на Берое и Хапоел Гилбоа Галил.
Во групата „Г“ пак Куманово 2009 ќе одигра четири натпревари со екипите на Академик Пловдив и Хапоел Холон.
Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на финалниот турнир кој треба да го даде новиот шампион на БИБЛ лигата.
Со оглед на тоа дека во наредниот период екипата на Хапоел Холон има обврски и во ФИБА Лигата на Шампионите, календарот за одигрување на четирите кола од втората фаза ќе биде формиран подоцна.
Извесно е дека втората фаза ќе се реализира во текот на март, додека пак завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвиден за средината на април, во место кое исто така ќе биде одредено во подоцнежен временски период.
ГРУПА Ф
Хапоел Гилбоа Галил
Берое
ТФТ
ГРУПА Г
Хапоел Холон
Академик Пловдив
Куманово 2009