18.01.2021

Хапоел Холон е првата екипа која обезбеди место во следната „интернационална“ фаза во Лигата на Балканот

БИБЛ ЛИГА: Големи изненадувања во „израелската“ лига, испаднаа топ-фаворитите, Хапоел Ерусалим и Хапоел Тел Авив

Ако во „балканскиот“ дел од БИБЛ лигата остануваат неколку непознати околу пласманот во следниот круг од натпреварите, во оној „израелски“дел го добивме првиот учесник во онаа „интернационална“ група.

Место во наредната фаза, изненадувачки оствари екипата на Макаби Ришон Ле Зион, која успеа да слави на гостински терен, кај Хапоел Ерусалим (79:73).

И тоа во натпревар во кој во третата четвртина заостануваа дури 18. поени зад фаворизираниот противник. Со овој триумф обезбедија место во полуфиналето каде на 20.јануари ги чека решавачкиот дуел со екипата на Хапоел Галил Гилбоа

Елиминација доживеа уште еден топ фаворит, екипата на Хапоел Тел Авив. Во првиот полуфинален и елиминациски натпревар, подобра од нив беше екипата на Хапоел Холон која победи со сигурни (77:66).

Согласно системот за натпреварување во сезоната 2020/2021, победникот од дуелот Макаби Ришон Ле Зион-Хапоел Галил Гилбоа, заедно со Хапоел Холон, ќе бидат двете екипи кои ќе играат во новоформираната група „Ф“, во која ќе се пласираат првите четири тимови од групата „Е“ во која свои шанси имаат и нашите два претставници.

Екипата на Куманово има скор од три победи и четири порази, и уште три натпревари за играње до крајот на првата фаза од натпреварите.

Екипата на ТФТ пак е на ефект од три победи и шест порази, пред последниот меч кој на 2. февруари ќе го играат во Скопје, против црногорскиот претставник, Ибар од Рожаје.

ПРЕОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ НА НАШИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ

КУМАНОВО (СКОР 3-4)

26.ЈАНУАРИ: Теодо – Куманово 2009

27.ЈАНУАРИ: Ибар – Куманово 2009

2.ФЕВРУАРИ: Куманово 2009 – Берое

ТФТ (СКОР 3-6)

2. ФЕВРУАРИ: ТФТ - Ибар