Кошаркарите на Навико Академија ФМП го забележаа првиот пораз во балканското натпреварување. Освен во првиот период, фаворитот доминираше во наредните два во кои и ја обезбеди победата.
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ХАПОЕЛ ГАЛИЛ ЕЛИОН 82:102
Македонскиот претставник беше рамноправен ривал во првит десет минути од играта. Во првата четвртина домашните кошаркари имаа предност, но на крајот таа изнесуваше само „половина кош“ (20:19).
Работите почнаа да се менуваат во наредната. Онаа во која фаворизираниот противник од Израел заигра многу подобро, особено во фазата на нападот. Испорачаа дури 34. поени, за двоцифрено водство на полувремето од (53:42).
Во исто темпо продолжија и по паузата. Во оној трет период ја обезбедија разликата која им беше доволна за мирен финиш. Стигнаа до уште поголеми (79:54), па останатиот дел од мечот беше рутинско одработување на работите.
Сепак, во финалните десет минути екипата од Кисела Вода се обиде, и успеa таа негатива да ја сведе на многу поподнослива.
Били Ајви со 19 беше прв стрелец во домашната екипа. Крстајиќ уфрли 16, а двоцифрен број на поени имаа и Лука Стојановски (12) и Оливер Двојаковски (13).
Во наредниот круг од натпреварите, Навико Академија ФМП повторно ќе игра против екипа од Израел. На 30.ноември гостуваат кај Макаби во Хаифа.