23.12.2020

Американскиот бек на ТФТ има просечни 7.8 додавања на осум одиграни мечеви

БИБЛ ЛИГА: Херис ја презема улогата на најдобар асистент!

Зад кошаркарите на ТФТ е и осмиот одигран меч во Лигата на Балканот. Резултатски неуспешен, но 40 минути во кои дел од играчите на нашиот претставник сепак ја задржуваат како висока онаа индивидуална статистика.

Особено тоа се однесува за веројатно и најконстантниот играч во овој прв дел од сезоната, Тај Херис.

Американскиот бек на ТФТ беше под своето поентерско ниво во Тиват, но го задржа просекот од 21.9 поени по натпревар, што е трет најдобар скор во лигата зад Ајзеја Тејлор од Макаби Ришон (24.3 поени) и неговиот соиграч Голан Гут кој има 22.поени по натпревар.

Со своите девет асистенции, Херис ја презема првата позиција на листата на најдобрите асистенти. Сега има просечни 7.8 асистенции со кои го мина Волтер Лемон со 7.7 и Амит Ебо (Ирони Нез Зиона) со 6.5.

Со 23.3 поени, Тај Херис е втор и во вкупниот поредок, односно индекс на корисност.

Соиграчот на Херис од редовите на скопските „црно-бели“, Амир Смит останува втор скокач во лигата со просечни 10.9 скока по натпревар.

 

ТОП 5 - БИБЛ ЛИГА

ПОЕНИ

А. Тејлор (Макаби Ришон)        24.3
Г. Гут (Макаби Ришон)    22.0
Т. ХЕРИС (ТФТ)        21.9
П. Кусовац (Теодо)           21.5
К. Доув (Макаби Хаифа) 20.7

СКОКОВИ

А. Мичел (Макаби Рипшон)     11.3
А. СМИТ (ТФТ)         10.9
К. Блекшер (Галил Гилбоа)       10.5
Т. Томас (Хапоел Ерусалим)     10.0
Р. Апшоу (Хапоел Тел Авив)     9/3

АСИСТЕНЦИИ

Т. ХЕРИС (ТФТ)        7.8
В. Лемон (Хапоел Тел Авив)     7.7
А. Ебо (Ирони Нес Зиона)          6.5
Д. Смит (Макаби Хаифа)            6.0
Ј. Зив (Галил Гилбоа)       6.0

ИНДЕКС
А. Мичел (Макаби Ришон)        25.7
Т. ХЕРИС (ТФТ)        23.3
Џ. Александер (Ирони Нахарија)       21.7
М. Хил (Хапoел Ерусалим)        21.5
Г. Гут (Макаби Ришон)    21.3