За разлика од доманото првенство, кошаркарите на Навико Академија ФМП никако да „се спојат“ со победата во Балканската лига.
Вечерва, пред своата публика во салата „Независна Македонија“ во Скопје, загубија од одличниот Левски...
НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЛЕВСКИ 74:103
Гостите од Софија имаа многу подобар „влез“ во овој натпревар. Уште во првата четвртина создадоа сосема солидна предност од (26:17), која ја задржаа и до одморот (46:37).
Сите дилеми околу победнокот „левскарите“ ги тргнаа во третиот период во кој беа и најефикасни. Реализираа 31, примија 20. поени, по што „побегнаа“ на недостижни (77:57). Победата ја потврдија во последната четвртина, во која нивната концентрација и фокус не паднаа воопшто.
Нашиот претставник кој овој натпревар го одигра во една крајно „скратена ротација“, со само шест кошаркари, и без тренерот Александар Петровиќ, ќе почека на првиот успех (оние два против Куманово се избришани поради дисквалификацијата на кумановци од ова натпреварување).
Брзо ќе бидат заборавени и оние 41. поени кои ги постигна Бре Ајви, што е индивидуален рекорд на Навико Академија ФМП во оваа сезона. Затоа што освен Лука Стојановски кој му „помогна“ со 12. реализации немаше некој друг играч во домашната екипа со„двоцифрен“ број на поени.
Таква шанса ќе имаат на 20.декември кога го дочекуваат израелскиот претставник, екипата на Макаби од Хаифа.