Кошаркарите на ТФТ го одиграа и десетиот и последен меч од првата фаза од Лигата на Балканот. Дуелот против црногорскиот Ибар излезе и дека е најважниот за понатамошните обврски на „црно-белите“ во балканската конкуренција.
Го реализираа, стигнаа до четвртата победа, за скор (4-6), идентичен со оној на екипата на Теодо (4-6). Но и подобар меѓусебен ефект во однос на црногорскиот тим, кој ги става на позицијата број 4 по одигрувањето на првата фаза во регионалното натпреварување.
ТФТ – ИБАР 91:75
Од самиот почеток овој натпревар се претвори во „едносмерна улица“. Силно мотивирани, затоа што победата ги води во следниот круг од натпреварите во БИБЛ. Во првите десет минути тимот од Тафталиџе направи високи (28:12). Но тука не застанаа, затоа што наредните пет веќе имаа плус од 20.поени (40:20). А комплетната доминација ТФТ ја потврди во наредните пет. Стигнаа домашните кошаркари до плус од 27. поени на полувремето (59:32).
Дури 19.поени беа дело на расположениот Андерсон, Митревски и Хортон имаа по осум реализации, а Херис кон конечно доби малку одмор – седум.
Во вториот дел од играта, малку поспоро темпо на домашната екипа. Задоволен од високата позитива, тренерот Боро Смилковски одлуши во игра да ги уфрли сите расположиви сили, и да заштеди одредена енергија за она што ги чека за време на викендот. Гостувањето во Битола, и средбата со екипата на Пелистер во домашниот шампионат.
За три дена, на 5.февруари во Софија ќе биде извршена и ждрепката за вториот круг. Во „барабанот“ ќе има уште една македонска екипа – Куманово 2009, две бугарски, Академик и Берое (утре гостува во Куманово)и две од Израел, Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил.
Шесте екипи ќе бидат поделени во нови две групи, по три. Извесно е дека пред ждрепката ќе има рестрикции. Односно две екипи од иста земја мора да играат во различни групи. Тоа значи дека нашите претставници ќе одиграaт уште најмалку четири натпревари, по два против екипа со која веќе играле, и уште толку против едeн од претстаниците од Израел.