Натпреварот помеѓу екипите на Ибар и на Куманово кој требаше да се одигра денеска во Рожаје, е одложен, соопшти менаџментот на БИБЛ лигата.
Ќе биде одигран во некој друг, дополнителен термин, а како причина за одложувањето е наведено дека неколку членови на Куманово биле позитивни на ПЦР тестирањето од корона вирус.
Со оглед на тоа дека комплетниот тим на Куманово е ставен во карантин, не е возможно било каква акција во наредниот период.
Ако се биде во ред со здравствениот билтен на двете екипи, Куманово и Ибар ќе играат на 5. јануари следната година, но во Куманово.