Израелскиот тим стигна до првиот триумф во новото издание на Балканската лига (102:63).
ИРОНИ НАХАРИЈА – ТФТ 102:63
Две силни четвртини на Ирони Нахарија беа доволни за да го скршат отпорот на нашиот претставник. Втората, во која направија (29-16), и четвртатаа во која и го откажаа составот од Тафталиџе од било какв изненадување на ова гостување во Израл. Ја доби домашната екипа со повеќе од убедливи (33-11) таа четвртина за потврда на првата победа во сезоната во која излегоа на Балканот.
Скопските „црно-бели“ парираа во првиот период, во кој имаа егал скор (18:18), делумно и во третиот, кога исто така потигнаа 18, но примија 22.поени.
Ландриус Хортон реализираше 14.поени и 5. скока, а Александар Костоски уште 13.поени и 4.асистенции за ТФТ кој следниот меч во ова регионално натпреварување ќе го одигра на 8. ноември, на гостински терен во Пловдив против Академик. А ден подоцна, избраниците на тренерот Боро Смилковски се селат во Стара Загора, каде ги чека средбата со Берое.