18.11.2020

По втор пат во две недели, кумановци нема да играат во регионалното натпреварување

БИБЛ лига: Куманово – Берое, одложено!

Натпреварот помеѓу екипите на Куманово 2009 и Берое, кој беше предвидено да се игра на 20. ноември (петок) е одложен. А подоцна ќе биде одреден новиот термин за негово одигрување.

Како главна причина за ова одлагање, менаџментот на БИБЛ лигата го наведува факторот дека има нови, позитивни случаи на Covid-19 во редовите на нашиот претставник во ова натпреварување.

Ова е веќе втор случај на одлагање на еден меч кој треба да го игра Куманово 2009. Минатата недела, поради истите причини, во последен момент мораше да биде одложен натпреварот со екипата на ТФТ во Скопје.

Во наредниот период, БИБЛ, заедно со раководствата на националните федерации ќе работи на пронаоѓање на заедничко решение за креирање на нов календар за одигрување на одложените натпревари. Во овој случај, веќе втор за екипата нa Куманово 2009.