26.01.2021

Одлично издание на кумановци и голем брејк, победа над Теодо (90:83) која ги враќа во игра за пласман во следниот круг од натпреварите.

БИБЛ ЛИГА: Куманово исплива во Тиват, обезбеди две меч-топки за втор круг

Kошаркарите на Куманово 2009 веројатно го одиграа својот веројатно и најдобар меч во ова издание на БИБЛ лигата. Кога им беше најтешко, кога беа ставени пред императив, блесок на „сино-белите“ во Тиват.

И победа над директниот конкурент, екипата на Теодо, за одрѓување на шансите за место помеѓу првите четири позиции во групата „Е“ од Лигата на Балканот кои водат во онаа „интернационална“ група во која се вклучуваат и две екипи од Израел

ТЕОДО – КУМАНОВО 2009         83:90

Доста ефикасно се играше во првиот период од натпреварот. Во првите десет минути двете екипи постигнаа 58. поени. Но два повеќе беа за гостинската екипа која водеше со (30:28).

На почетокот на втората, Теодо направи серија (6-0) со која премина во водство од (34:30). По цели три и пол минути гостите дадоа кош. Со својата втора тројка, ја прекина Марковски (33:34). А по онаа на Робев, петта тимска, кумановци одново имаа водство (36:34) во средината на вториот период од гостувањето во Тиват.

Серијата од (9-0), со „два плус еден“ игра ја затвори Ливингстон за (39:36). Финишот на четвртината беше во знакот на Зивчевиќ, кој со четири споени поени, креираше солидни (49:44) за нашиот претставник, кои пак со тројка, пред сирената да означи крај на полувремето ги намали Вучковиќ, за конечни (47:49) по 20.минути игра.

Ливингстон со 11, и Робев со 10.поени беша најефикасните играчи во „сино-бела“ комбинација, додека на другата страна Кусовац имаше 15, а Мијовиќ уште 11.реализации.

Продолжението на дуелот во СЦ „Жупа“ донесе уште подбра игра на Куманово 2009. Гостите имаа и двоцифрена предност. Но до итекот на третата четвртина Теодо се врати уште еднаш. Домашната екипа намали на достижна негатива од (66:71).

Во финалните четири минути Кумановци влегоа со високи (83:74). Но петте неодговорени поени, ги донесоа до предност од само (83:79). Но само до моментот кога Ѓекиќ погоди за три поени, за (86:79), а Марковски, од истата позиција, да постави недостижни (90:81).

Ова беше осмиот натпревар за екипата на Куманово. И четвртта победа за половичен скор (4-4) во пресрет на последните два натпревари до крајот на регуларниот дел. Согласно со моменталниот пласман на табелата, потребна им е само уште една за место во првите четири.

А веќе утре, од 17.часот, ја имаат првата шанса. Ги чека уште едно гостување на мини-турнејата во Црна Гора. Играат против екипата на Ибар во Рожаје.