27.01.2021

Втор одличен настап на Куманово, и втора по ред, победа на гостувањето во Црна Гора. Сега и против Ибар (82:66) во Рожаје.

БИБЛ ЛИГА: Куманово ќе игра во новоформираната „интернационална“ група

По триумфот пред неполни 24.часа против Теодо во Тиват, кумановските „сино-бели“ се надминаа себеси уштре еднаш. Победија и против Ибар во Рожаје. Доволно да се промовираат како дел од новоформираната група во регионалното балканско натпреварување

По двете победи во Црна Гора, на коло пред крајот, Куманово 2009 има скор од пет победи и четири порази, недостижен за најмалку две екипи од групата „Е“, и заедно со Академик од Пловдив и Берое, обезбеден пласман во вториот круг од натпреварите во кој ќе се вклучат уште две екипи од Израел, Хапоел Гилбоа Галил и Хапоел Холон.

ИБАР – КУМАНОВО 2009           66:82

Релативно израмнето помина првата четвртина во која гостите од Куманово имаа највисока предност од четири поени (17:13), а ја затворија со нешто пониски (19:17).

Имаа кумановци и највисоки (42:29) кога се играше 17.минута. Но набрзина примија пет поени, по што нивниот нов тренер Игор Ѓорѓиевски, мораше да побара минута за одмор и делење на нови совети во пресрет на последните две минути од првото полувреме.  Без особени промени, она што е најважно дека напиот претствник го задржа тоа сигурно водство. Имаше „плус“ од девет поени (44:35). Од нив 12 поени беа дело на Ливингстон, а 11 на Андрејевиќ, по седум имаа Марковски и Робев.

„Малиот“ но само според бројот на сантиметри, Ливигстон, беше централна фигура во играта на Куманово во продолжението од натпреварот, во кој нашата екипа имаше уште повисока предност од 12.поени (60:48) по три одиграни четвртини.

Во онаа последната нивнатѕа игра се претвори во рутинерска. Смирено ја одржуваа таа двоцифрена предност која ја претворија во втора победа на мини-турнејата во Црна Гора, а која ги промовира како една од четирите „балкански“ екипи кои ќе го продолжат својот пат во Лигата на балканот.  

Во последниот натпревар од оваа прва фаза од балканската лига, кошаркарите на Куманово 2009 ќе играат против екипата на Берое.

Средбата е закажана на 2.февруари, а ќе се игра во Куманово.