10.03.2021

Куманово имаше активен резултат против израелскиот состав до 35.минута, но немаше сили за финиш, Хапоел Холон победи со (83:74)

БИБЛ ЛИГА: Куманово не го победи Хапоел Холон, но не разочара против топ-фаворитот

Првиот меѓународен натпревар во Македонија во сезоната 2020/2021 се одигра вечерва. Макар и без присуство на публика, во Куманово гостуваше еден од најдобрите израелски тимови во овој момент, Хапоел Холон. Како дел од второто коло од групата „Г“ од втората фаза во Балканската лига.

Кумановци не победија, но не разочараа. Во 35.минута водеа, макар и минимално (69:68), но немаа сили за финиш и изненадување.

КУМАНОВО 2009 – ХАПОЕЛ ХОЛОН  74:83

Некако премногу импресионирани влегоа во овој меч кошаркарите на Куманово. За само три и пол минути од играта влегоа во минус од осум поени (4:12), што го примора тренерот Игор Ѓорѓиевски рано да побара тајм-аут. Но со седум поени во серија Ливингстон ги врати Кумановци назад во мечот. Тројката на Црниќ пак донесе егал резултат (16:16), по седум минути од играта.

Тој резултат остана „активен“ и во наредните три.

Во продолжението на мечот, домашната екипа прејде и во водство од (20:18). Но наредните минути беа резервирани за Хапоел Холон. Гостите од Израел во неколку наврати имаа и двоцифрена предност. Највисоката (35:24) по серијата (17-4) реализирана во четири минути.

Но кумановци не ги исплаши таа висока негатива. Беа, пред се , упорни, и до полувремето ја „симнаа“ на само -4 (38:42).  

Дури деветмина домашни кошаркари успеаја да поентираат, најмногу 7.поени, уште на почетокот, даде Ливингстон.

Куманово беше рамношравен противник на многу побогаеиот тим од Израел. Домачинит ене им дозволија на своите противници да реализираат позитива поголема од осум поени. По поените на Марковски, неговиот десетти, во 28.минута беа во заостанување од само три поени (53:56).

На истекот на третата четвртина, Хапоел Холон имаше уште еден поен плус (59:55).  

Куманово продолжи да го брка тоа водство на фаворитот. Во два наврати беа на „пола кош“ (60:61), и (62:63), му „дишеа во врат“ на Хапоел Холон.

Поведоа по четири минути, кога погоди Ливингстон, за (68:66). И со 15.реализации се израмни со Марковски на листата на најдобри стрелци во Куманово. Но во наредните две минути, гостите направија супер-серија од (10-1), и „побегнаа“ на солидни (76:69) пред последните четири во кои домашната екипа не најде нова енергија уште еднаш да проба да направи пресврт и да победи. По две одиграни кола, се без победа во вториот сегмент на БИБЛ лигата. Наредниот меч, кумановските „сино-бели“ ќе го играат на 17. март, кога во Пловдив му гостуваат на Академик.

Мечот во Куманово започна со минута молчење во знак, на почит кон жртвите на депортацијата на израелските граѓани со еврејско потекло од страна на германските фашистички сили која се случила на 10, односно 11.март во 1943 година, за време на втората Светска војна.