03.02.2021

Во последниот меч од првиот дел од Лигата на Балканот, кумановци поуспешни од Берое (93:80) за потврда на пласманот во наредниот круг

БИБЛ ЛИГА: Куманово заврши како втор во првата фаза

Со скор од шест победи и четири порази, и второто место на табелата екипата на Куманово ќе влезе во втората фаза од Балканската лига.

Успешната серија која го однесе на следното натпреварувачко ниво, „сино-белите“ ја продолжија со победа на бугарскиот Берое...

КУМАНОВО – БЕРОЕ     93:80

По релативно израмнетата прва четвртина во која кумановци водеа, но не со некоја особено „видлива“ предност, се беше поинаку во втората.

Секако во полза на домашната екипа...

Ѓекиќ и Андрејевиќ иницираа една убава серија за „сино-белите“ по која стигнаа и со првата двоцифрена позитива. На 3:44 минути од истекот на првото полувреме нашиот претставник имаше плус 10 (46:36). По новата реализација на најкорисниот играч за месец јануари, Отис Ливингстон беше и (52:40) за домаќините. Пред Ваклинов да погоди едно слободно фрлање и да постави (52:41) за Куманово 2009 на полувремето.

Во сличен стил, и резултатско „движење“ се одвиваа работите и во второто полувреме, на овој, без резултатско значење, меч за двете екипи кои едно коло порано го обезбедија пласманот во следната рунда од натпреварите, онаа интернационалната.

Така и ги одиграа вторите 20.минути во кои е чекаше само крајот. Победа, убедлива на Куманово, во која освен Ѓекиќ (заврши со 23 поени), свои моменти, особено во тој период имаше и Ливингстон, кој финишираше со 22.поени, како и Андрејевиќ кој имаше 21.реализација.

За два дена, на ждрепката во Софија, Куманово ќе ги дознае своите наредни противници во втората фаза која исто така ќе биде групна ќе се игра во две групи (по три екипи), кои треб да ги дадат четирите учесници на „Фајнал-фор“ турнирот во регионалното балканско натпреварување.