17.01.2022

Во првиот натпревар од регионалното натпреварување во 2022 година, екипата од Кисела Вода загуби од фаворитот Макаби Хаифа (89:112)

БИБЛ ЛИГА: Макаби Хаифа е пресилен противник, Навико Академија ФМП со пораз ја стартуваше новата 2022 година

Кошаркарите на Навико Академија ФМП го одиграа првиот официјален натпревар во 2022 година. На гости во Скопје им дојде екипата на Макаби Хаифа. А по одиграните први 40.минути во новата година, на крајаот славеа кошаркарите од Израел.

Па кошаркарите од Кисела Вода својата нова шанса за прва победа во регионалното натпреварување ќе ја имаат на дуелот со Левски во Софија.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – МАКАБИ ХАИФА               89:112

Одличен почеток направија домашните кошаркари. На истекот на првиот период, Навико Академија ФМП водеше со (23:17). А интересен беше податокот дека четворица домашни кошаркари погодуваа во тој дел од играта.

Изненади, пријатно, младиот Тодоровски со девет реализации, Ајви имаше еден поен помалку, а погодуваа уште и Бакоч, односно Кошанин.

Без компромиси продолжија домашните кошаркари и во вториот период. По три минути играа, имаа и највисоки (30:21). Но евидетно е дека недостасуваа поени од бековите, во прв ред на Крстајиќ и Стојановски, кои и беа дел од првата петорка која на теренот ја испрати тренерот Александар Петровиќ. Со серија од осум поени, во 15.минута, гостите од Хаифа се доближија на само еден поен негатива, (29:30).

Тројката на Ајви дојде во вистински момент, да ја прекине серијата на Израелците. Но само за момент затоа што Макаби ја продолжи серијата на реализации, и стигна до пресврт. Поведе тимот од Хаифа со (48:39). Парцијално во тој дел од играта, во осум минути, гостите имаа (31-16).

Одличната втора четвртина ја затворија со 36.поени, од друга страна пак, стигна аи поенит еод Крстајиќ, Стојановски, и Двојаковски. Но Навико Академија ФМП беше без одговор на Глен Рајс Јуниор кој испорача 21.поен за 20.минути.

Само како најава за уште поефикасно второ полувреме кое двете екипи го стартуваа со резултат (53:43) во корист на Макаби.

Она што го почнаа некаде во средината на втората четвртина, гостите од Израел го продолжија и по големиот одмор. Во 26.минута беа во плус од 19.поени (72:53), а тој трет дел од мечот во „Независна Македонија“ го затворија со највисоките (82:62) .Освен Рајс, двоен број на поени веќе имаа и Вон (13), Путни и Хајун (по 12).

Во последниот дел од играта, Кошанин и Бакоч ја надминаа двоцифрената поентерска бариера, а далеку напред, со 21 реализација беше Ајви. Но без сериозна промена во резултатот. Макаби ја оддржуваше високата позитива, и рутинерски го затвори натпреварот во кој ги земаа планираните бодови.

За само два дена, во среда (18. часот), кошаркарите на Навико Академија ФМП ги очекува нов балкански предизвик. Имаат гостување во Софија каде ги чека дуел со екипата на Левски.