08.12.2021

Вечерва, нашиот претставник загуби на гостувањето во Ботевград, Балкан беше подобар (80:71)

БИБЛ ЛИГА: Навико Акадeмија ФМП останува без победа

ФМП Академија го забележа и петтиот пораз сезонава во регионалната БИБЛ лига откако загуби на гостувањето кај Балкан. Клучна беше третата четвртина која домаќините ја добија со десет поени предност и пред последните десет минути имаа позитива од (64:51).

БАЛКАН – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 80:71

Уште еден пораз запишаа кошаркарите на Навико Академија ФМП во рамките на Балканската лига. Вечерва, нашиот втор претставник во ова регионално натпреварување немаше сили за успех на гостувањето во Ботевград.

Пи израмнетото прво полувреме, клучните моменти од мечот се случија во третата четвртина во која „бело-зелените“ се стекнаа со двоцифрена предност, која се покажа како доволна за нивна трета победа по ред во регионалното натпреварување.

Дерик Маркс со 27 поени беше прво име кај победникот, додека во македонскиот состав, најдобар стрелец беше Били Ајви кој го заврши овој натпревар со 21. реализиран поен.