19.10.2021

ТФТ ја отвори сезоната на Балканот со победа против Сигал Приштина (81:77)

БИБЛ ЛИГА: Одличен балкански почеток на ТФТ, „падна“ поранешниот балкански првак

Една недела подоцна, откако тоа го направија екипите на Куманово 2009 и Навико Академија ФМП, кошаркарите на ТФТ го имаа премиерниот настап во новото издание на БИБЛ лига.

За скопските „црно-бели“ втора сезона во ова регинално натпреварување во која се приклупија во онаа ланската.

На премиерата, календарот посака да играат против една до најуспешните екипи во соседството, пред се во Косово, Сигал Приштина за која оваа година игра братскиот тандем Јетмир и Лејсон Зекири.

ТФТ – СИГАЛ ПРИШТИНА           81:77

ТФТ ја доби првата четвртина со (23:16), додека, гостите од Проиштина втората, со (22:15), па не чуди што на полувремето резултатот беше нерешен (38:38).

Би се рекло очекувано, но и исправно, шанса во првите 20.минути добија поголем број од домашните кошаркари. Сепак половина од поените беа дело на Хортон (10) и Ленард (9).

Во продолжението, играта беше уште поизрамнета. Ниту една до двете екипи не успеа да направи некое посериозно водство. Па оние плус 4 (57:53) кои ги имаа домаќините по 30.минута играа изгледаа „големи“.

Во ист стил се играше и четвртината која го даде и конечниот победник на овој дуел во СРЦ „Кале“. Нерешени (64:64) стоеја на семафорот по 34.минути играње.

Она што може(ше) да го радува тренерот Боро Смилковски беше двоцифрениот поентерски ефект кој го достигнаа Ташовски и Николов (подоцна и Маслинко).

Четири минути подоцна, ТФТ водеше и со највисоки (73:64), откако токму Ташовски, го реализираше својот 16.поен.

По тројката на Јетмир Зекири, екипата од Приштина се доближи на достижни (70:73), кога останаа да се доиграат 90.секунди. Неговата нова тројка го приближи гостинскиот тим на (75:77) на 37.секунди пред крајот.

Победничките поени за ТФТ беа дело на Хортон, а победата ја потврди еден од најискусните во екипата – Костоски.

Јетмир Зекири уфрли  11.поени (имаше и пет скока), неговиот брат Лејсон, беше на чекор до дабл-дабл (9.поени и 10.скока) за гостинската екипа која ова асезона ја предводи некогашниот прв тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор.

Инаку, во следниот круг од натпреварите од групата „Б“ од БИБЛ лигата, на 27.октомври, ТФТ ќе му биде домаќин на Академик од Пловдив.