08.04.2022

Балкан во Ботевград делуваше доминантно, славеше со повеќе од убедливи (104:53) против видно ослабениот состав од Тафталиџе

БИБЛ ЛИГА: Ослабениот ТФТ се прости од играњето во балканската лига со пораз

 

Лошо издание на ТФТ на последниот натпревар од втората фаза на Балканската лига.

БАЛКАН – ТФТ        104:53

Практично првата четвртина која гостите до Скопје ја одиграа очајно, ги тргна сите дилеми. „Зелените“ имаа феноменални (36:10) во уводните десет минути кои го одредија и понатамошниот тек на натпреварот во Арената Ботевград.

Се понатаму беше обична формалност, Балкан беше предоминантен тим во овој меч во кој ТФТ дојде по нецели 48. часа по одиграниот натпревар во македонската Прва лига. А веќе за ист период ќе мора да одиграат уште еден, оној во недела навечер во Битола, против лидерот на табелата, екипата на Пелистер.
Ова беше и шестиот по ред пораз за ТФТ во втората фаза од регионалното балканско натпреварување со кој и официјално се простија од оваа сезона во ова натпреварување.

Без најдобрите свои играчi како Александар Костоски, Ландриус Хортон и Амир Смит и не можеше да се очекува повеќе. Во така релација на настаните во салата во Ботевград, Страхил Николов запиша 17.поени, а Виктор Ташовски уште 11. за гостинската екипа.