Втората, исто така, групна фаза Балканската лига, ќе стартува вечерва, и тоа со дуелот во Скопје, каде нашиот претставник, екипата на ТФТ за противник го има бугарскиот Берое.
Средбата во салата СРЦ „Кале“ започнува од 19.часот.
Согласно со системот за натпреварување, претходно, преку ждрепка, шесте клубови учесници беа распределени во групите „Ф“ и „Г“.
Во групата „Ф“ нашиот преставник, ТФТ од Скопје за ривали ги доби екипите на Берое и Хапоел Гилбоа Галил.
Во групата „Г“ пак, Куманово 2009 ќе одигра четири натпревари со екипите на Академик Пловдив и Хапоел Холон.
Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на финалниот турнир кој треба да го даде новиот шампион на БИБЛ лигата.
Извесно е дека втората фаза ќе се реализира во март, и првата недела на април, додека пак завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвиден за средината на април, во место кое исто така ќе биде одредено подоцна.
ГРУПА Ф: Хапоел Гилбоа Галил, Берое, ТФТ
ГРУПА Г: Хапоел Холон, Академик Пловдив, Куманово 2009
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
24.февруари: ТФТ – Берое
3.март: Куманово 2009 – Академик Пловдив
8. март: Берое – Хапоел Гилбоа Галил
10.март: ТФТ – Хапоел Гилбоа Галил
12. март: Куманово 2009 – Хапоел Холон
16. март: Хапоел Гилбоа Галил – ТФТ
18.март: Хапоел Гилбоа Галил – Берое
25. март: Академик Пловдив – Куманово 2009
31.март: Берое – ТФТ
2.април: Хапоел Холон – Куманово 2009
8.април: Академик Пловдив – Хапоел Холон