25.01.2022

Нашиот претставник ја совлада екипата од Ботевград со одлично одиграно второ полувреме, (77:75).

БИБЛ ЛИГА: Пресврт-победа над Балкан за крај на деби сезоната на Навико Академија ФМП

Навико Академија ФМП ќе ја памети дебитантската сезона во Балканската лига по скорот од две победа и шест порзи во регуларниот дел од регионалното натпреварување.

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – БАЛКАН     77:75

Кошаркарите на Навико Академија ФМП со победа го затворија својот прв настап во Балканската лига. Екипата на Балкан беше подобар противник од онаа која како своја база ја има Кисела Вода, односно салата „Независна Македонија“ во оваа скопска населба.

Екипата од Ботевград имаше постојано водство во првото полувреме од овој последен меч за „лавовите“ во премиерното излегување надвор од границите на Македонија.  

Балкан беше подобар ривал во првата четвртина која ја доби со (20:15), Но „зелените“ не се задоволија со тоа, и до полувремето таа предност ја направија во повеќе од солидна.

Имаа плус од 13 поени (44:31).

Но се беше поинаку во второто. Домашните кошаркари заиграа многу подобро, особено во фазата од нападот. Предводени од бековскиот двоец, Крстајиќ-Ајви, топеа дел по дел од големата негатива. По три четвртини беа на добар пат, симнаа на (53:59). Но јасна беше желбата кај нашиот претставник, да пробаат да победат на разделбата со ова натпреварување. Како играа во третата, така одигра и во последната четвртта четвртина. Стигнаа до нерешени (75:75), а во последната минута влегоа и со минималец од (77:75), откако Крстајиќ го постигна својот 25.поен.

И успеаја „лавовите“ да се одбранат во последните 60.секунди и да се простат од БИБЛ со втор триумф, интересно во последните два натпревари од регуларниот дел кој за нив завршува токму со вечерашниот успех, доволен за скор (2-6), па сега ќе се усмери кон оние домашни обврски кои ги носи играњето во првенството и Купот на Македонија.

Освен Крстаји. Ајви финишираше со 18. поени, Стојановски имаше 13, а Кошанин уште 12. поени за нашиот претставник во БИБЛ.

Нашиот втор претставник, екипата на ТФТ, идната недела ќе го игра одлучувачкиот меч за пласман во втората фаза на БИБЛ. Противник им е уште една екипа од Бугарија, Берое од Стара Загора.