13.10.2021

Во својот деби настап во ова натпреварување, беа подобри на гостински терен против Куманово 2009 со резултат (63:59)

БИБЛ ЛИГА: Прва балканска победа за Навико Академија ФМП!

На премиерата од новото 14. по ред издание на БИБЛ лигата, двата наши претставници, екипите на Куманово 2009 и на Навико ФМП Академија одиграа релативно израмнет натпревар во кој на крајот, победи екипата која имаше нешто подобра реализација.

КУМАНОВО 2009 – НАВИКО  АКАДЕМИЈА ФМП    59:63

Израмнет, но неквалитетен натпревар одиграа нашите претставници во балканското натпреварување.

Барем во првото полувреме.

Во првата четвртина, домашната екипа некако дојде до „вишок“ од четири поени (20:16), а по доста неефикасната втора четгвртина, разликата беше уште пониска. Кумановци водеа со минимални (31:29).

Колку беше изедначено во тие први 20.минути, говори бројот на скоковите (на двете страни по 22), и неефикасно, двете екипи шутираа со едвај преку 20% за три поени.

Во исто темпо се одвиваа работите и во продолжението на натпреварот. Двете екипи имаа сериозни проблеми со реализацијата. Тешко се постигнуваа поени на двете страни. Промената беше само водството на гостите од Скопје, кои во 26. минута имаа четири поени вишок, (43:39).

До крајот на третата четвртина, Темелковски беше првиот кошаркар кој ја надмина границата од најмалку десет поени во гостинската, а Џозеф на спротивната страна од теренот.

Водството остана за гостите (47:44).

Но, со серијата од осум поени, кумановци направија промена на водството. Поведоа со (52:47) по само 90. одиграни секунди.

Не за долго, новата промена се случи во 35.минута, кога по тројката на Крстајиќ, ФМП одновно поведе, сега со (58:57).

Нерешено, (59:59) беше на 1:21 минута до крајот на овој израмнет меч во Куманово.

Во финалната минута, Лука Стојановски погоди две од четири слободно фрлања, за (61:59) во корист на екипата од Кисела Вода. И остави 20 секунди за конечно решение.

По тајм-аутот, Зивчевиќ ја загуби топката, а тој подарок, на шест секунди пред крајот, од линијата за слободни фрлања го казни Крстајиќ, и на својот тим му ја донесе првата балканска победа во деби настапот во ова натпреварување.