22.12.2020

Теодо беше подобар ривал, славеше со (98:83), скопјани остануваат на само две победи во Лигата на Балканот.

БИБЛ ЛИГА: Серијата на порази на ТФТ продолжи и на гостувањето во Тиват

Кошаракарите од Тафталиџе не успеаја да ја прекинат серијата на порази во Лигата на Балканот. Запишаа уште еден негативен резултат.

Во осмото коло и гостувањето во Тиват, ТФТ загуби од Теодо, па по осум одиграни мечеви, е на ефект од две победи и шест порази во регионалното натпреварување.

ТЕОДО – ТФТ          98:83

Една лошо одиграна четвртина, онаа втората, беше доволна скопските „црно-бели“ да дојдат до нов пораз во Балканската лига.

По израмнетата прва четвртина, во која имаа и минимална предност (22:21), попуштија во втората. Му дозволија на борбениот состав од Тиват да направи целосен пресврт.

Но и двоцифрено водство на полувремето од (47:36),

Негатива од која не се опоравија се до крајот на натпреварот. Намалија само еден поен во третиот период, (57:67), имаа и едноцифрено заостанување во последниот, (65:71), во 32.минута од играта.

Но преку тоа избраниците на тренерот Боро Смилковски едноставно не можеа оваа вечер. Набрзина Теодо направи мини серија од (8-1) за враќање на убедливото водство на недостижни (79:66), запишани на семафорот во 34.минута. Четири минути подоцна имаа и -7 (77:84), и толку...

Не успеаја во обидите да го сопрат неверојатниот Петар Кусовац, кој им уфрли рекордни во БИБЛ за оваа сезона, и уште помалку реални, но вистинити 46. поени.  Скоро половина од поените на екипата домаќин која има скор (4-4).

Гостите од Скопје имаа четворица играчи со двоен број на поени. Со 24. реализации ги предводеше Амир Смит. Лаклан Андерсон заврши со 18, Шелман имаше 14, а Тај Херис уште 12.поени.