Во два дена, кошаркарите на Куманово мораше да одиграат два натпревари на мини турнејата во Бугарија. Откако беа успешни на првата станица, во Пловдив, каде убедливо го победија Академик, 24 часа подоцна ги чекаше мечот со екипата на Берое
Во Стара Загора беа далеку од изданието од Пловдив, многу далеку од победата со која ќе беа пред целта – пласман во втората, групна, фаза од БИБЛ натпреварувањето.
БЕРОЕ – КУМАНОВО 2009 105:76
Лошо го почнаа дуелот во „Општинската“ сала во Стара Загора кошаркарите на Куманово. Особено лошо играа во дефанзивата. Му дозволија на расположениот противник да реализира дури 33. поени во првата четвртина. Од друга страна, дадоа само 20. поени, и уште по 10.минути од играта влегоа во двоцифрена негатива (20:33).
Во 13. минута, Берое имаше уште повисока предност (38:26) која го натера тренерот на нашата екипа Владимир Мирковски да земе минута одмор. Без некое адекватно подобрување во играта, во двата правци кај нашиот претставник, кој имаше 26% на реализација за три, и нешто подобри 47% за два поени. Освен тоа, рано влегоа во проблеми со личните грешки, брзо го исполнија бонусот. А противникот знеше да го користи тоа, да ја зголеми разликата и на (49:32), каква што беше во 18.минута. А до крајот на првото полувреме Берое да го „покачи“ тоа на уште повисоки (56:34).
За тоа каква беше напаѓачката игра на Куманово, доволно говори податокот дека новакот Ливингстон, со осум поени беше најефикасниот гостински играч во првите 20.минути.
Веќе во средината на третата четвртина кога Берое изгради предност од 25.поени (70:45), потоа уште повисоки (78:49), стана јасно дека кумановци нема што да бараат на оваа средба,
Ова беше седмиот меч, и четвртти пораз за кумановските„сино бели“ во оваа конкуренција.
Следниот балкански предизвик за нив ќе биде дуелот против екипата на Теодо, закажан за 26.јануари. Ден подоцна, во Рожаје, ќе ги одмерат силите и со вториот црногорски претставник Ибар. А шансата за реванш на Берое, кумановци ќе ја имаат на домашен терен во средбата коај е закажана за 2.февруари.