14.12.2020

Освен тоа, Амир Смит е втор скокач во досегашниот дел од лигата на Балканот...

БИБЛ ЛИГА: ТФТ го има вториот поентер и вториот асистент – Тајрон Херис

По добриот старт, и двете врзани победи, кошаркарите на ТФТ го загубија победничкиот чекор во Балканската лига. Но затоа пак имаат двајца кошаркари кои се при врвот во оние статистички категории на БИБЛ.

Посебно, тоа се однесува на игрите кои на петте средби во оваа регионална лига ги имаше Тајрон Херис.

Американскиот бек на „црно-белите“ во овој момент е втор стрелец во балканската конкуренција. Има просек од 22.3 поени, за нијанса понизок од Ајзеја Тејлор (Макаби Ришон) кој е на 24.3 поени.

Бекот на ТФТ е на второто место и на листата на најдобри додавачи. Има просек од 7.3 асистенции нешто послаб во однос на Волтер Лемон од Хапоел Тел Авив.

А неговите одлични игри во првиот дел од БИБЛ го поставија и како втор во поредокот на најкорисните играчи во оваа конкуренција. Има просечни 21.8 индексни поени во најпризнатата категорија, зад неприкосновениот, барем засега, Акил Мичел (Макаби Ришон) кој е на 25.7 индексни поени во просек.

ТФТ може да се пофали дека по првата „половина“ од БИБЛ го има и вториот скокач во лигата. Со просечни 11.скока по натпревар, Амир Смир е високо котиран во оваа категорија во која води Акил Мичел (Макаби Ришон) со 11.3 скока по натпревар.   

ТОП 5

ПОЕНИ

И. Тејлор (Макаби Ришон)        24.3

Т. Херис (ТФТ)        22.3

Г. Гут (Макаби Ришон)    22.0

А. Вучковиќ (Теодо)        20.7

К. Доув (Макаби Хаифа) 20.7

СКОКОВИ

А.Мичел (Макаби Ришон)         11.3

А. Симит (ТФТ)       11.0

К.Блекшеар (Галил Гилбоа)      10.5

Т.Томас (Хапоел Ерусалим)      10.0

Р. Апшоу (Хапоел Тел Авив)     9.3

АСИСТЕНЦИИ

В. Лемон (Хапоел Тел Авив)     7.7

Т. Херис (ТФТ)        7.3

А.Ебо (Ирони Нес Зиона)           6.5

Д.Смит (Макаби Хаифа) 6.0

В.Зив (Галил Гилбоа)       6.0

ИНДЕКС ПОЕНИ

А.Мичел (Макаби Ришон)         25.7

Т.Херис (ТФТ)         21.8

Џ.Александер (Ирони Нахарија)        21.7

М.Хил (Хапоел Ерусалим)         21.5

Г.Гут (Макаби Ришон)     21.3