02.04.2022

Израелскиот претставник ја надокнади стартната двоцифрена негатива и на крајот победи со (91:85)

БИБЛ ЛИГА: ТФТ имаше одличен старт, но не го победи Макаби во Хаифа

Кошаркарите на ТФТ го одиграа претпоследниот меч во втората фаза од Балканското натпреварување. Гостуваа во Хаифа, каде

МАКАБИ ХАИФА – ТФТ                91:85

Извонредна прва четвртина имаа кошаркарите на ТФТ во Хаифа. Иако без основниот организатор на играта, Александар Костоски, кој поради повреда, остана во Скопје, „црно-белите“ реализираа дури 30. поени, противникот го оставија на само 18.

За двоцифрено водство на истекот на тој најдобар период во играта.

Одлично, шутерски пред се, функционираше двоецот Бишоп-Хортон, кој во првото полувреме ги погоди сите шест тројки на екипата од Скопје.

Но до крајот на првото полувреме, Макаби успеа да се доближи на негатива до само два поени (46:48), домаќинот го доби вториот период со двоцифрени (28:18).

Нашата екипа водеше се до 32. минута, кога противникот успеа да ја надополни негативата од девет поени (53:62) која ја имаше во третата четвртина. Макаби успеа да израмни на (67:67), потоа и на (73:73), како што беше две минути подоцна. Но Израелците ја продожија серијата по која стигнаа и до плус 5 (78:73).

Путни на едната и Хортон на другата страна делуваа непогрешливо. Но поедноставно кажано. Макаби имаше повеќе расположени играчи на оваа средба, и некако успеа да ја оправда улогата на фаворит. 

На крајот, Хортон застана на бројката од 30. реализации, (3/9 за три и 8/10 за два поени), и шест скока, двоен број на поени постигнаа уште и младиот Ташовски (12), како и Бишоп (11), додека Амир Смит беше многу блиску до дабл-дабл ефект, (девет поени и десет. скока).

По овој петти меч во вториот круг од натпреварите во БИБЛ конкуренцијата, екипата на ТФТ има скор (0-5). Својот последен меч во балканската конкуренција за оваа сезона  ќе го одиграат на 8. април во Ботевград каде ги чека екипата на Балкан.