Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, ТФТ му го нанесе првиот пораз на Академик Пловдив во регионалното натпреварување. Да биде успехот поголем. Славеа победа на гостински терем
АКАДЕМИК – ТФТ 81:86
Со тоа и му се ррваншираше за неодамнешниот пораз на домашен терен по кој почна серијата од три неуспешни игри на ТФТ.
Првата четвртина беше израмнета, но кон средината на втората, ТФТ го презеде водството и направи шест поени разлика (42:36).
Во третиот период од играта македонскиот тим имаше и двоцифрена предност (55:44), за во последните десет минути Академик да направи пресврт и со серија од 10-0 да поведе со (63:60). Сепак, тоа кратко траеше, „црно-белите“ повторно заиграа како во претходниот дел од мечот, брзо направија плус од осум поени (80:72) и успеаја предноста да ја задржат до крајот.
Најефикасен во редовите на ТФТ беше Андреј Маслинко кој постигна 18 поени, додека Страхил Николов реализира 15.
Кошаркарите и стручниот итм на ТФТ остануваат во Бугарија, каде веќе утре, од 18 часот во Стара Згора, му гостуваат на Берое.