Ако на првиот натпревар наречен „македонско дерби“ во БИБЛ лигата, одигран во Куманово, имаше непозната околу конечниот победник, на овој вечерашниот, во СРЦ „Кале“ дилемите беа симнати уште по истекот на првото полувреме.
Во овој момент, ТФТ се покажа како многу подобра, поспремна, и екипа со доста „подлабок“ ростер во однос на Куманово.
Тоа беше евидентирано и во крајниот резултат
ТФТ – КУМАНОВО 83:54
Макар што, на почетокот, цели пет минути им требаше на домашните кошаркари да го реализираат првите (три) поени, а откако гостите поведоа со (7:0). Со трите тројки во серија, дури преминаа во водство (11:10). И не застанаа, „црно-белите“ погодија уште една од зад линијата 6.75 метри, за (14:12), за тој прв период ТФТ го добие со резултат (18:15).
Осум поени од нив даде резервистот Андерсон.
Продолжи домашната серија и во втората четвртина. Со 11. поени по ред без одговор од противникот, ТФТ стигна и до највисоките (29:15), а Андерсон ја заби топката во кошот на кумановци и дојде до двоцифрен број на поени.
Гостите од Куманово, за кои дебитираше Американецот Кори-Рели Рос, никако не успева да се понајдат себеси на теренот. Имаа малку време да се вратат во ритам откако десетина дена поминаа во карантин. А некои играчи, како Марковски, Цветковски, сеуште не се доволно подготвени за игра.
Во период од повеќе од три минути дозволија серија од (16-2) на противникот кој по 13.минути игра веќе имаше двојно повеќе дадени -34, од примени поени -17.
Крај на тие празни минути стави Андрејевиќ за (19:36).
Но за кратко, затоа што тимот предводен од тренерот Боро Смилковски немаше намера да застане. На 3:15 минути до истекот на полувремето имаше плус од 20 поени (41:21). А на големата пауза, заслужено, заминаа со уште повисоки, (49:25).
А апсолутно ништо не се промени ниту по оние 15 минути предвидени за одмор.
ТФТ продолжи во ист стил, ефикасно во нападот, агресивно во одбраната. Не дозволуваа лесни поени за Куманово, и беа доста успешно во тоа. Од минута во минута само го зголемуваа и онака високото водство. Во 27. минута, водеа со (65:37). Благодарение на одличната реализација во шутот од поле. Имаа 40% за три поени, но и тројца играчи со најмалку десет реализации.
За нецели три четвртини, најмногу 24, дојдоа од Андерсон, 17 имаше Херис, а Хортон уште 12.
По три одиграни периоди, ТФТ беше уште подалеку, на недостижни, (69:40).
Ова беше втората победа за дебитантот во БИБЛ лигата во три одиграни натпревари. Оној наредниот, ќе го играат на 2. декември, во Црна Гора. Поточно во Рожаје каде „црно-белите“ ги чека дуел со екипата на Ибар.
Куманово го запиша првиот пораз, за скор (1-1), но и се чини, ќе има многу повеќе грижи во овој период на пауза во домашниот шампионат.