Експресно брзо играат кошаркарите на ТФТ во овој последен месец од 2021 година.
На 2. декември имаа гостување во Рожаје, каде загубија од домашниот Ибар. А по вчерашниот натпревар против екипата на МЗТ Скопје Аеродром во „Кале“, вечерва избраниците на тренерот Боро Смилковски се преселија во блиската Приштина каде одиграа уште еден натпревар од Балканската лига.
Оној против екипата Сигал Приштина, седми за скопските „црно-бели“ во ова натпреварување.
СИГАЛ ПРИШТИНА – ТФТ 80:73
Во првата четвртина сериозни проблеми на нашиот состав, во одбраната пред се, им претставуваше Јан Палокај, кој за кратко време реализираше дури десет поени. Доволно тимот од Приштина да поведе со (17:10). А тој прв дел од играта да заврши со водство на домаќините од (22:18).
И не се променија многу работите ниту во втората четвртина, барем не по нашиот преставник. Сигал Приштина постојано го одржуваше резултатот, и до крајот на првото полувреме таа разлика беше и двоцифрена.
По 20.минути игра, домашната екипа водеше со повеќе од солидни (42:31). Осум поени во нашата екипа имаше Николов, по шест Маслинко и Хортон, премалку за нешто повеќе, барем не во тој прв дел од мечот во Приштина.
Ниту третиот период од играта не донесе добри моменти за кошаркарите на ТФТ. Напротив, екипата од Приштина направи уште поголема разлика Пред истекот на четвртината, поведе и со (66:48). Како најава за триумфот на овој меч во кој беше евидентно дека недостасува енергија во скопскиот тим.
По мала пауза, од десетина дена, на 15.декември во Скопје, ТФТ ќе го игра дуелот со Ибар.