Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во балканското натпреварување, кошаркарите на ТФТ славеа победа над бугарскиот берое. И со 50% ефект (5-5) се пласираа на 4 место во групата „Б“, доволно за пласман во следната рунда од натпреварите во Балкнската лига.
ТФТ – БЕРОЕ 95:88
ТФТ Беше подобар ривал во првата, а Берое во втората четвртина. Со таа разлика што домашната екипа имаше минимално водство од (20:18), во првиот дел од играта. На гостите им припадна втората во која минималната негатива ја претворија во водство од (46:41).
Така што беше на полувремето од овој значаен меч, кој одлучуваше за судбината на „црно-белите“ во регионалното балканско натпреварување.
Израмнето се одвиваа работите и во третиот дел од играта. Гостите од Стара Загора најдоа начин како да го сочуваат тоа водство кое го стекнаа во првото полувреме. Па и по 30.минути од играта имаа сосема солидни (76:71).
Но она што го бараа низ три четвртини, кошаркарите на ТФТ го пронајдоа во последниот дел. Негативата од шест поени ја претворија во водство. Во 35.минута поведоа со (84:80). А кога веќе дојдоа до таква предност, избраниите на тренерот Боро Смилковски не дозволија да ја загубат.
Стигнаа до планираната цел, втора фаза од БИБЛ лигата.