02.12.2021

Во три дена два порази за „лавовите“ на турнејата во Израел, несреќна загуба на „црно-белите“ против Ибар

БИБЛ ЛИГА: ТФТ загуби тесно во Рожаје, Навико Академија ФМП немоќен и во Хаифа

Два порази на двата македонски претставници во вечерашните натпревари од Балканската лига.

Во Рожаје, иако имаа скоро „добиен натпревар“, кошаркарите на ТФТ го загубија дуелот со домашниот Ибар (77:79).

А нешто „подалеку“ на Хаифа, кошаркарите на Навико Академија ФМП не го издржаа притисокот на домашниот Макаби, и на крајот запишаа уште еден убедлив пораз (73:95).

МАКАБИ ХАИФА – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП               95:73

Ова е воопшто прва победа за овој израелски клуб во рамките на БИБЛ лигата, во групата „А“ од ова натпреварување. Домашниот тим изгради убедливо водство кое го оддржа во другиот дел од мечот одигран на Хаифа по кој Макаби е на скор (1-2), а Навико Академија ФМП има 0-3), откако пред два дена му беа „избришани“ оние две победи против Куманово 2009.

На почетокот на второто полувреме, домашната екипа поведе и со 16, а нешто подоцна имаше и 20.поени предност што беше доволно за успех.

Двете екипи ќе одиграат уште еден натпревар, на 20.декември во Скопје.

ИБАР – ТФТ        79:77

Ибар дојде до првиот успех во сезоната благодарение на одлично одиграната трета четвртина. Ова беше првиот официјален меч за двете екипи по онаа репрезентативна пауза која ја „предизвикаа“ мечевите во квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Екипата од Тафталиџе беше подобра во првиот дел од средбата во Рожаје, кога и имаше предност од пет поени (31:26).

Но во третиот период Ибар даде повеќе поени, дури 35. Во однос на првите две четвртини со кои го презема водството и на крајот за првпат во оваа сезона се радуваше на успех.

На средина на последната четвртина ТФТ стигна до нерешен скор (68:68). Но во следните два напади домаќините изградија предност од пет поени. За жал, на пет секунди пред крајот, Александар Костоски не успеа да донесе нов егал резултат. Искусниот бек не ги реализираше двете слободни фрлања за продолжение, па победата остана за Ибар.

Кај ТФТ, Амир Смит финишираше со 20.реализации, Еј-Џеј Џон беше солиден со 19, додека пак Костоски имаше 13.поени и 6. асистенции.

На 6. декември, ТФТ патува во Косово, каде и гостува на Сигал Приштина.