30.11.2021

Хапоел Галил Елион е пресилен противник за Навико Академија ФМП, победи со повеќе од убедливи (107:65)

БИБЛ ЛИГА: Убедлив пораз на „лавовите“ од Кисела Вода во Израел

Кошаркарите на Навико Академија ФМП забележаа убедлив пораз на гостувањето во Израел. Вечерва, во салата во Кфар Блум, заостанаа четириесетина поени зад Хапоел Галил Елион.

Хапоел Галил Елион – Навико Академија ФМП              107:65

Во далеку од добро издание се претставија кошаркарите на Навико Академија ФМП на своето прво гостување во историјата на клубот реализирано во Израел.

Нашиот претставник во БИБЛ лигата остана без вистинска шанса да се натпреварува против далеку поквалитетниот противник. Екипата од Кисела Вода веќе беше во длабоко заостанување, имаше минусни 31 поени, (57:26).

Слично се одвиваа настаните во Квар Блум и во продолжението на играта. Домашната екипа немаше намера да застане, па до истекот на третиот период изгради уште поголема позитива од 40. поени (82:42).

Во следниот круг од натпреварите, за неполни 48 часа, поточно на 2. декември, Навико Академија ФМП гму остува на Макаби во Хаифа.