03.02.2021

Во петок, во Софија ќе биде одреден изгледот на групите и распоредот за втората фаза од регионалното натпреварување

БИБЛ ЛИГА: Ждрепката за втората фаза на 5. февруари

Во неа ќе учествуваат шест екипи, Куманово 2009 и ТФТ од Македонија, Академик-Пловдив и Берое-Стара Загора од Бугарија, односно Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил од Израел.

Ќе бидат поделени во две групи, „Ф“, и „Г“ и тоа еден тим од израелската и два од балканската зона. Ќе се игра по двокружен систем „секој со секого“ што значи дека секоја екипа ќе одигра по четири меча, два на домашен и два на гостински терен.

Нашите екипи не можат да бидат во иста група во втората фаза бидејќи, како најслабопласирани во првиот дел, ќе се најдат во последниот „шешир“. Во првиот се Хапоел Холон и Хапоел Галил Гилбоа, а во вториот Академик Пловдив и Берое.

Втората фаза од БИБЛ лигата ќе почне на 9. односно 10. февруари. Планирано е да трае до крајот на март, а евентуално одложените мечеви од овој втор дел ќе се доигруваат на 6, односно 7.април.

Завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвидено да се игра во периодот од 16.до18.април. Домаќинот ќе бид еодреден по завршивањето на шесте кола од вториот дел од регионалното натпреварување.    

БИБЛ ЛИГА - ВТОР КРУГ

КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

1. КОЛО: 9-10.ФЕВРУАРИ

2. КОЛО: 24-25.ФЕВРУАРИ

3. КОЛО: 9-10.МАРТ

4. КОЛО: 16-17.МАРТ

5. КОЛО: 23-24.МАРТ

6. КОЛО: 30-31.МАРТ

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ; 6-7.АПРИЛ

„ФАЈНАЛ-ФОР“ ТУРНИР: 16-18.АПРИЛ 

*Термините се подложни на промени во договор со националните федерации