29.04.2021 Вечерва, на последниот меч во кариерата,Милојевиќ го судеше финалето на Балканската лига, помеѓу Хапоел Холон и Академик Бултекс Завршницата на сезоната во Балканската лига официјално го означи крајот на судиската кариера на еден од најуспешните македонски судии во историјата, Александар Милојевиќ. Вечерва тој го судеше финалето од БИБЛ лигата меѓу Хапоел Холон и Академик Бултекс на кој триумфираше израелскиот тим со 91-75 и ја освои титулата. По мечот, Милојевиќ доби специјално признание од директорот на лигата, Шај Штрикс. „Менаџментот на БИБЛ лигата сака да му честита на Александар Милојевиќ за неговата успешна кариера и за тоа што беше дел од нашето натпреварување од 2008 година. Вечерашното финале беше последно во неговата кариера и последен меч за него како судија. БИБЛ, Хапоел Холон и Академик му посакуваат се најубаво во иднина во неговите активности и во светот на кошарката“- гласат зборовите на благодарност кои менаџментото на БИБЛ лигата ги постави на својата официјална страница.