24.11.2020 Македонското дерби ќе се игра во СРЦ „Кале“, со домашни официјални лица По две одложувања, и ако се биде во ред со здравствената ситуација во двете екипи, конечно може да го очекуваме и второто „македонско дерби“ во Балканската лига. Менаџментот на БИБЛ лигата го одреди 26. ноември како „слободен термин“ во кој екипите на ТФТ и на Куманово ќе го играат својот втор меѓусебен натпревар во регионалното натпреваруување. БИБЛ одлучи судиите и делегатот на оваа средба да бидат домашни. Односно средбата која ќе се игра во четврток навечер, од 19.30 часот, да ја судат: Александар Милојевиќ, Алија Феревски и Томи Панов, а во улога на делегат да биде Марјан Тодоровски.