10.03.2021

Поради забраните од израелските власти, нови поместувања во распоредот на втората фаза

БИБЛ: Нови промени во календарот

Неколку промени ќе има во втората фаза од двете групи во БИБЛ лигата, потврди менаџментот на ова регионално натпреварување.

Причината се строгите Ковид-19 закони кои владеат на територијата на Израел, каде, меѓу другото, има забрана за летови на меѓународни дестинации до 20. март.

Тоа условува и нов распоред на одигрување на натпреварите за екипите на Хапоел Гилбоа Галил и Хапоел Холон.

Хапоел Холон вечерва ќе му гостува на нашиот Куманово во средба која е предвидена да се одигра во 20.часот, во салата „Перо Наков“ во Куманово. Но поместени се домашните средби на израелските екипи.

Па така некогашниот шампион во ова натпреварување, ќе ги нагости нашиот претставник ТФТ и бугарски Берое по 20.март, а не како то беше предвидено во текот на минатата недела. Тоа значи дека Хапоел Галил Гилбоа ќе треба да одигра четири меча од БИБЛ во рок од само две недели.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА Ф

22. МАРТ: Хапоел Гилбоа Галил - Берое

24. МАРТ: Хапоел Гилбоа Галил - ТФТ

29. МАРТ: ТФТ – Хапоел Гилбоа Галил

31. МАРТ: Берое – Хапоел Гилбоа Галил

6. АПРИЛ: Берое – ТФТ

ГРУПА Г

10. МАРТ: Куманово 2009 – Хапоел Холон

17. МАРТ: Академик – Куманово 2009

25. МАРТ: Хапоел Холон - Академик

2. АПРИЛ: Хапоел Холон – Куманово 2009

8. АПРИЛ: Академик – Хапоел Холон