Во него, менаџментот на лигата која опстојува 12. години на овие простори, нуди можност за натпреварување на македонски клубови во сезоната 2020/2021 година.
Пред да биде завршена сезоната 2019/2020, во БИБЛ лигата веруваат дека во онаа наредната ќе се реализира натпреварување со најмалку по два клуба-учесници од земјите во нашето опкружение.
Односно, освен нашата федерација, исти такви покани стигнаа и до националните федерации на Албанија, Бугарија, Косово, Црна Гора, а постои можност во лигата да биде вклучена и некоја екипа од други земји на Балканот.
Во зависност од бројот на пријавените екипи, БИБЛ предвидува формат за играње со 8, односно со 10 или 12. клубови учесници.
Лигата 2020/2021 би стартувала на 20.октомври, а би била завршена со финален турнир во период од 16. до 18. април, 2021 година.