03.09.2020

Според најавите, македонските преставници Куманово и ТФТ најпрво би ги одиграле двата меѓусебни дуели во лигата на Балканот

БИБЛ планира натпреварување со осум клубови, и изменет календар

Менаџментот на БИБЛ се надева дека списокот на учесници (вкупно осум) за сезоната 2020/2021 ќе биде комплетиран најдоцна до 15.септември.

Со оглед на тоа дека има по два-три клубови учесници од иста држава, предложени се мали измени во календарот за натпреварување.

БИБЛ им предлага на клубовите-учесници првите четири кола од планираните 14. во првиот дел од натпреварувањето, да се одиграат во земјите од каде доаѓаат. Односно да се избегне можноста од патувања во други земји, барем во уводната фаза од лигата во која сеуште се на сила регулативите поврзани со спречување на пандемијата која ја донесе вирусот КОВИД-19.

Другите десет рунди од натпреварувањето би се играле во периодот од декември до март, согласно со оригиналниот распоред на натпревари.

Финалните, односно плеј-оф натпреварите, вклучително и „Фајнал-фор“турнирот, ќе се играат во април, 2021 година

Сите натпревари од новата сезона во БИБЛ лигата ќе се играат согласно со регулативите и инструкциите на секоја земја која има свои преставни(к)ци, корисејќи го и ФИБА протоколот за Ковид-19.

Согласно со тоа, на отворањето на новата сезона, планирано за 20.октомври, многу извесно е дека ќе се игра и „македонското дерби“.

Односно првиот од двата натпревари помеѓу нашите претставници во БИБЛ во сезоната 2020/21, екипите на Куманово и на ТФТ.