22.10.2020 Во очекување на македонското дерби, стартни победи за екипите на Академик Пловдив и Ибар По одигрувањето на првите мечеви во оние четири „израелски“ групи, синоќа почнаа и натпреварите во „балканската“. Во очекување на македонската пресметка, односно дуелот помеѓу екипите на Куманово и на ТФТ, закажан за 27. октомври, се играше во Бугарија и во Црна Гора. Во Стара Загора, победа за гостинската екипа. Во драматичен меч, Академик Пловдив беше за еден поен подобар од Берое (86:85). Неизвесно беше и во Рожаје, каде домашниот Ибар излезе како победник во дуелот против екипата на Теодо (82:76).