11.01.2021

За место во вториот круг од натпреварите ќе се борат првопласираните екипи од четирите групи

БИБЛ: Познати полуфиналните двојки во „израелската“ група

Четирите натпреварувачки групи од оној „израелски“ дел од БИБЛ лигата влегоа во својата завршна фаза.

По овој викенд, остана само една непозната, четвртиот учесник на полуфиналето, по кое ќе бидат познати и двете екипи-учесници во вториот круг од натпреварите во балканската лига.

Екипите на Хапоел Тел Авив, Хапоел Галил Гилбоа и Хапоел Холон, како првопласирани, обезбедија место во двете нокаут-фазата, додека за последното во меѓусебен дуел, ќе решаваат екипите на Хапоел Ерусалим и Макаби Ришон ЛеЗион.

Менаџментот на Лигата на Балканот веќе ја направи и ждрепката за полуфиналето. За место во интернационалната фаза ќе се борат Хапоел Холон-Хапоел Тел Авив, и Хапоел Галил Гилбоа со победникот од средбата Хапоел Ерусалим и Макаби Ришон ЛеЗион.

Првата од овие две полуфинални средби, Хапоел Холон-Хапоел Тел Авив, ќе се игра на 15. февруари, додека терминот за второто полуфинале ќе биде познат подоцна.

Согласно со системот за натпреварување во Лигата на Балканот, двете најдобри екипи од „израелската“, ќе формираат две нови натпреварувачки групи заедно со најдобрите четири екипи од „балканската“ група во која својата шанса ја чекаат нашите претставници, екипите на ТФТ и на Куманово.