Кошаркарите на ТФТ го имаа своето прво гостување надвор од границите на Балканот. Дебитантот во нашиот пампионат, стигна да се натпреварува и со екипи надвор од овие простори, поточно, против еден од Израел.
А екипата на Хапоел Гилбоа Галил се „потсети“ како е да се игра против преставници од Македонија (порано играа со Торус СЦБТ, Фени Индустри).
А епилогот, помалку и очекуван. ТФТ немаше сили да му парира на поквалитетниот противник. Запиша пораз во Ган Нер, но од таму ќе донесат искуство плус за она што следува во сезоната во која туркаат на два фронта, македонскиот и балканскиот.
ХАПОЕЛ ГИЛБОА ГАЛИЛ – ТФТ 94:68
Уште во првото полувреме домашната екипа оствари голема резултатска предност. Добар дел од дилемите беа симнати уште во првите десет минути во кои Хапоел Гилбоа Галил оствари плус од 17.поени (31:14).
Вториот период беше доста поизрамнет. Задоволни од високото водство изралците го контролираа максимално. Не му дадоа на нашиот тим да ја симне таа висока негатива која на полувремето беше зголемена за еден поен (50:32).
Лаклан Андерсон со 12.реализации беше првиот стрелец на ТФТ, но и на средбата во тоа прво полувреме. Погоди три од шестте тројки на гостинската екипа во која и немаше некој друг, поентерски расположен играч.
И по одморот, работите не се променија. ТФТ се обидуваше, но немаше сили да се симне на разлика која би донеал евентуалeн пресврт во резуlтатот. На истекот на третата четвртина домаќините имаа комотни, во исто време и недостижни, (72:51).
Тенерот Боро Смилковски им даде шанса на сите десет кошаркари кои отпатуваа во Израел, а интересно, Андерсон остана единствениот „двоцифрен“. Австралиецот реализираше 19.поени, Бејли и Хортон имаа по девет... Премалку за нешто повеќе на овој меч.
Ова беше вториот пораз за нашиот претставник во втората фаза од Балканската лига. Следниот предизвик и шанса за прв триумф во групата, „црно-белите“ ќе ја имаат на 29. март, кога му гостуваат на Берое во Стара Загора.